Мартинез го има голот на неделата во ЛШ, ремек-делото на Дибала е на второ место (ВИДЕО)

УЕФА пред неколку часа го објави најубавиот погодок во Лигата на шампиони (ЛШ) за претходното коло, а изненадувачки, на првото местото е голот на Лаутаро Мартинез против Славија Прага.

Мартинез постигна гол во важната победа против Славија, а интересно е тоа што ремек-делото од слободен удар на Пауло Дибала беше на втората позиција.