Манчини уште сега најави со кој напаѓач(и) ќе ја нападне Македонија во март

Италијанскиот селектор Роберто Манчини одржа прес-конференција пред важните натпревари кои треба да ги одигра европскиот шампион, а еден од нив е против Македонија во март во полуфиналето на баражот за пласман на Светското првенство (СП) во Катар, кое ќе се одржи на крајот на годината.

Манчини неодамна во репрезентацијата го повика Марио Балотели, кој треба да им помогне на колегите со неговото искуство.

„Балотели ќе ни помогне во техничкиот дел од теренот, но мора да провериме дали физички е во добра состојба. Мора да видиме како ќе се прилагоди во нашата екипа“, вели Манчини.

Селекторот на Италија кажа и на кои фудбалери ќе смета во нападот за натпреварот против Македонија во март, а изборот падна на Џанлука Скамака од Сасуоло, но планира во офанзивниот дел од теренот да им даде шанса и на Доминико Берарди и Федерико Бернардески.

„Мора да го пронајдеме вистинското решение. Постојат фудаблери кои можат да играат во различни системи, па не сметам дека момците ќе имаат проблем. Веруваме во Скамака. Тој има одлични технички и физички квалитети, па зависи до него. Во моментов е во одлична форма и постигнува голови, а тоа е важно кога си млад. Може да се случи сè до март, но постои шанса да биде прв избор. Сè зависи до формата во која ќе се наоѓаат фудбалерите во март“, кажа Манчини.

Еден од најголемите проблеми за Италија е тоа што не може да смета на талентираниот Федерико Кјеза, кој неодамна заработи повреда, поради која ќе биде надвор од терените дури седум месеци.