Манчини: Можевме да дадеме повеќе голови!

Италијанскиот кормилар на Зенит, Роберто Манчини изјави дека е задоволен од минималната победа со 2-1 против македонскиот шампион Вардар, потенцирајќи дека без оглед што сините играле со комбиниран тим, победата била главната цел.

Италијанецот посочи дека Зенит имаш шанси за многу повеќе голови, а додаде дека играчите не мислеле на Спартак во второто полувреме, туку исклучиво на Вардар.

„Без оглед што денеска игравме со комбиниран тим, за разлика од другите мечеви, одигравме добар меч. Можевме да дадеме повеќе голови, но задоволен сум што победивме. Јас генерално сум среќен со овој меч. Се покажа и овојпат дека пеналот врз кого е направен, тој не го изведува. Но, се случува. Ние не размислувавме на Спартак (в недела е дербито за титула – н.з.), туку само на Вардар. Од утре ќе мислиме на Спартак“, рече Манчини.