Магичен пресврт на Англичаните, Хрватска испадна во Лига Б! (ВИДЕО)

И покрај тоа што водеа се до 78-та минута и имаа сѐ во свои раце, фудбалерите на Хрватска прокоцкаа гол предност, дозволија да примат два во финишот и да загубат на гостувањето  кај Анлгија со 1-2 и така да испаднат од Лигата А во Лигата на нациите.

На коцкестите им беше потребен и бод за да останат во Лигата А, но не успеаја да издржат иако имаа и водство преку голот на Крамариќ во 57-та минута.

Џокерот Џеси Лингард во 78-та минута изедначи на 1-1, а Хари Кејн неколку минути подоцна им ја запечати судбината на гостите од Хрватска.

Не само што Гордиот Албион успеа да направи магичен пресврт за седум минути, избраниците на Герет Саутгејт завршија како првопласирани во групата со седум освоени бода, пред Шпанија која остана на шест и последнопласираната Хрватска со четири бода.