Маестрален погодок на Македонецот: Динамо поведе на гостувањето во Унгарија со голот на Адеми (ВИДЕО)

Хрватскиот фудбалски шампион, Динамо Загреб, дојде до посакуваното водство на гостувањето кај унгарски Ференцварош и тоа со погодок на македонкиот репрезентативец, Аријан Адеми, во 16. минута.

Популарните „модри“ ќе мора да ја поправат сликата од пред седум дена кога на домашен терен одиграа само 1-1 против Унгарците, иако важеа за апсолутен фаворит на тој дуел.