Лукаку се запиша во историјата на Лига Европа (ФОТО)

Белгиската напаѓачка ѕвезда на Интер, Ромелу Лукаку се запиша синоќа во историјата на Лига Европа, како наследник на Купот на УЕФА откако деветти меч по ред постигна гол во најмасовното натпреварување на Стариот континент.

Никој претходно, од 1971 година, немал ваква серија на голови како белгискиот ѕвер, што е само уште еден доказ за фантастичниот подвиг на белгискиот напаѓач, кој очигледно е дека одлично се вклопи во Интер откако лани дојде од Манчестер јунајтед.

Интер го победи Баер Леверкузен со 2-1 во четвртфиналето во Германија и дојде на еден чекор до финалето, а „нераѕурите“ немаат европско финале од 2010 година, кога станаа европски шампиони под палката на Жозе Мурињо и со македонскиот ас Горан Пандев во тимот.

Инаку Интер има три трофеи од Купот на УЕФА во историјата и тоа сите во 90-те години од минатиот век (1991, 94, 98).