Лудо славје во соблекувалната на ПСЖ - како да освоиле ЛШ (ФОТО)

Фудбалерите на ПСЖ еуфорично го прославија пласманот во полуфиналето од Лигата на шампиони и елиминацијата на актуелниот владател Баерн Минхен. 

Во соблекувалната на „Паркот на принцовите“ имаше огромна радост, прскање со вода, скандирање и играње на маса. Некој би помислил дека ја „светците“ ја освоија титулата, но има уште доста до тронот.