ЛШ тргна со невидена драма: Епски пресврт на ПСЖ за полуфинале во ЛШ!

Францускиот гигант Пари Сен Жермен е првиот полуфиналист во Лигата на шампионите после неверојатниот и епски пресврт вечера со италијанска Аталанта која до 89-та минута водеше со 1-0 и на крајот загуби со 1-2 на „Луж“ во Лисабон, каде почна лудата и досега невидена завршница со фајнлејт турнирот во европската елита.

Бергамашите беа на чекор до историско полуфинале откако Марио Пашалиќ во 27-та минута од мечот им донесе водство и успеваа Италијанците да одолеат на сите напади на парижаните до 90-та минута, кога им се случи вистински потоп за 180 секунди. По една асистенција на Нејмар и Килијан Мбапе, за голови на Маркињос во 90-та и на Чупо Мотинг во 92-та минута, ПСЖ го реши мечот во епска завршница, најавувајчи невидено возбудлив 11-дневен турнир во битката за европскиот престол во Лисабон.

ПСЖ со пласманот во полуфиналето сега го чека победникот од дуелот Ред Бул Лајпциг – Атлетико Мадрид за да дознае со кого ќе се бори за место во големото финале закаано на 23 август.