ЛШ се збогува со Сала: Наместо со молчење во вечноста го испратија со - аплауз! (ВИДЕО)

Вечерва се играат два осминафинални натпревари во Лигата на шампиони, а пред почетокот на секоја од средбите беше посветена една минута на загинатиот аргентински фудбалер Емилијано Сала.

Навивачите наместо со молчење во вечноста го испратија Сала со аплауз и така покажаа голема почит кон Аргентинецот, кој загина на 21 јануари во авионска несреќа на пат од Нант кон Кардиф.