Лорис Кариус забележан на трибина со навивачи на Реал Мадрид (ФОТО)

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус беше еден од „најдобрите“ играчи на Реал Мадрид за време на финалето од Лигата на шампиони минатата сезон, кога директно кумуваше на два гола на „кралскиот“ клуб. 

Од тој момент кариерата му оди во надолна линија, а навивачите и натаму му фаќаат сеир поради лошите интервенции. Така вечерва еден навивач на „кралевите“ за време на Суперкупот во Талин носи дрес од Кариус и гордо позира со него.