Ливерпул на спектакуларен начин го најави дуелот против Ц. Звезда (ВИДЕО)

Натпреварот на Ливерпул против Црвена Звезда има голема важност за англискиот гигант, а тоа го потврдува и видеото кое се појави на нивниот официјален јутјуб канал.

„Црвените“ го нарекоа видеото „Дуел кој ја смени фудбалската филозофија на Ливерпул“, а во него може да видите како поразите од српскиот шампион влијаеле врз англискиот гигант.

Ќе видите зошто дуелот против Ц. Звезда има големо влијание врз успесите кои ги направи Ливерпул на европската сцена во период од 1977 до 1984. година.