Ливерпул го претстави првото засилување – Гркот кој си го оствари детскиот сон!

Актуелниот англиски шампион Ливерпул вечерва го претстави првото засилување за следната сезона и тоа грчкиот интернационалец Костантинос Цимикас, кој доаѓа од таборот на Олимпијакос за сума од 15 милиони евра.

На претставувањето, тој призна дека од мал навива за „црвените“ и дека ова е остварување на неговиот детски сон.

„Брат ми е голем навивач на Ливерпул и поради неговата голема страст кон овој клуб и јас почнав да се радувам на неговите успеси. Знам колку ќе се радува што сега сум играч на неговиот омилен клуб“, изјави Цимикас.

Гркот подолг период е желба на тренерот Јирген Клоп, а ќе има жестока конкуренција за место во првиот тим крај левата аут линија и тоа во сега стандардниот Енди Робертсон.

Цимикас има 24 години, а Олимпијакос двапати го испраќаше на позајмица и тоа прво во дански Есбјерг, а потоа и во Вилјем Втори во Холандија, но потоа успеа да направи кам-бек и да биде стандарден првотимец на актуелниот грчки шампион.