Лион поведе додека шприцаше крв од главата на Де Лихт (ФОТО)

Екипата на Јувентус има негатива од еден гол (1-0) на гостувањето против Лион во осминафиналето во Лигата на шампиони, а стрелец на единствениот погодок во првото полувреме беше Лукас Тусар.

Но, овој гол дојде по повредата на главата на младиот холандски дефанзивец, кој во моментите кога неговиот тим прими гол, тој беше надвор од игра за да му се даде медицинска помош.

Имено, во 30. минута, при една гужва во својот шеснаесетник, доби шесток удар во главата, па крвта за неколку секунди го обли по цело лице, поради што мораше да излезе надвор од терен.