Лига Европа: Шкендија ќе оди на поправен против Дуделанж

Откако не успеа да обезбеди пласман во наредното квалификациско коло од Лигата на шампиони, екипата на Шкендија во квалификациите од Лига Европа ќе игра против тимот на Дуделанж.

Тетовци имаа златна шанса за пласман понатаму, но по катастрофалниот резултат против Номе Калју мораше да се задоволи само со квалификации за Лига Европа, каде Шкендија за ривал го доби поразениот од двомечот Дуделанж – Ла Валета.

Оваа пресметка исто така беше решена со повеќе постигнати голови во гости, првиот меч во Луксембург заврши 2:2, па Ла Валета реванш дуелот одигра само 1:1 на Малта и се пласираше во следната квалификациска рунда од Лига Европа.

Шкендија ќе биде домаќин на првиот натпревар, а реваншот од овој двомеч ќе се игра во Луксембург.