Лесни победи за фаворитите, Рамос со паненка ѝ донесе победа на Шпанија (ВИДЕО)

Селекциите на европските великани Италија и Шпанија, како и на балканските Босна и Херцеговина и Грција вечерва запишаа лесни победи за триумфално да ги отворат мундијалските квалификации, а најголема „мака“ имаа само Шпанците, кои од пенал стигнаа до победа

Италија, БиХ и Грција славеа идентично со 2-0 во своите мечеви, додека Шпанија прими гол од Норвешка, па потоа од пенал Серхио Рамос го врати водството и обезбеди триумф. Шест минути траеше надежта на Норвежаните, кои израмнија исто така со удар од белата точка, дека може да направат сензација. Сепак, Шпанците тотално доминираа имаа преку 70 отсто од поседот, дури 25 обиди кон голот, десет во рамките и според играта заслужено триумфираа, иако таа победа можеше да им биде и полесна и поубедлива.

Италија со 2-0 ја победи Финска со головите на Николо Барела и на младата ѕвезда на Јувентус, Моизе Кеан.

Во истата група БиХ, Круниќ и Милошевиќ дадоа два гола за победа против Ерменија со 2-1, но ерменците имаа задоцнет финиш, па постигнаа гол во 93-та минута од пенал преку првата ѕвезда Хенрик Мхитарјан. Грција како и обично, одигра на сигурно, па со два гола само славеше во Лихтенштајн (2-0).

Во оваа група по ова прво коло, Италија, Грција и БиХ се со максималните три бода.