Квинси Промес верува во ново чудо: Ајакс може да го повтори успехот од минатата сезона

Напаѓачот на Ајакс, Квинси Промес, по триумфот над Лил во 1. коло од Лигата на шампионите (3-0), истакна дека тимот може да биде задоволен од прикажаното издание.

Сепак, тој смета дека во иднина не смее да му се дозволи на противникот да создаде толку многу шанси.

Ми се допаѓа да ја играм улогата на десетка. Не ми пречи да имам играчи зад мене. Лил беше опасен во неколку наврати, но Андре Онан ја покажа својата класа. Иако, всушност, Ајакс не треба да им дозволува на противниците да создадат вакви шанси, затоа што можат да станат критични. Од друга страна, ако победите со резултат 3-0, тогаш имате право да бидете задоволни. Сакавме да земеме три бода и да започнеме добро на домашен терен, и успеавме да го сториме тоа. Со оглед на настапот минатата сезона, летвичката е поставена на високо ниво. Луѓето прашуваат дали можеме повторно да го сториме. Мислам дека победата од 3-0 покажува дека можеме, истакна фудбалерот на Ајакс.