Крос нема да игра на реваншот во Париз

Играчот за врска на Реал Мадрид, Тони Крос, најверојатно ќе го пропушти реванш осминафиналниот дуел од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен во Париз за три недели поради повреда на коленото.

Шпанскиот клуб соопшти дека по деталните прегледи, утврдено било дека германскиот репрезентативец има повреда на лигаментите на десното коелно, но прецизираше колку би требало да паузира.

Сепак, бидејќи станува збор за истегнување на лигаменти, првите прогнози се дека еден од најдобрите фудбалери на кралскиот клуб го очекува повеќенеделна пауза поради која би можел да го пропушти и реваншот со Светците кој е закажан за на 6 март.

Се претпоставува дека Крос повредата ја заработил при судирот со напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе во натпревар во кој беше еден од најзабележителните фудбалер на Реал и на кој претрча повеќе од 13 километри.

На претстојниот дуел со Бетис ќе го менува Хрватот Матео Ковачиќ.