Ковид-19 е пресилен засега: УЕФА одложи сè, ама сега не се истрча за да објави нови датуми

Одложувањето на историскиот бараж на Македонија и Косово, вторпат за две недели поради пандемијата со коронавирус, не беше новост, ама за разлика од првиот состанок преку видео-конференција, заедно со одложувањата на мечевите во ЛШ и Лига Европа, УЕФА денеска не се истрча да објави нови датуми, зашто очигледно Ковид-19 е пресилен во моментов за да може нешто да се прогнозира.

После состанокот со генералните секретари на 55-те членки на УЕФА, Извршниот комитет на УЕФА сега ги објави одлуките што се донесени, а во нив нема потенцирано ниту еден нов датум, како пред две недели, кога баражите беа презакажани за 4 јуни, а сезоната требаше да заврши до 30 јуни.

Засега прв слободен термин за одигрување е септември (од 3 до 8), кога беше закажан стартот на Лигата на нации, но во зависност од развојот на настаните со националните федерации, овој прв термин е слободен, но не и сигурен, зашто можно е и истиот да се скокне, па баражот да биде во октомври или ноември.

Сега баражите се одложени, како и ѓенските квалификации до донеување на одлука, исто како и сите пријателски мечеви што требаше да се играат, потоа младинските финалиња во двете конкуренции до 17 и 19 години, како и финалето во Лигата на шампионите во футсал.

Одложен е и крајниот рок за пријавување на екипи за следната европска сезона зашто никој не знае кога сите национални лиги ќе се завршат, ниту некој може тоа да го претпостави. УЕФА најави дека ќе објави нови рокови, но тоа најмногу ќе зависи од ситуацијата со коронавирусот на Стариот континент.

Сите одлуки на УЕФА може да ги прочитате ТУКА.