Косовскиот шампион загуби службено 0-3 поради заразени од корона!

Косовскиот шампион Дрита од Гњилане и официјално го загуби со службени 0-3 финалниот меч од претквалификациите во Лигата на шампионите поради заразени од коронавирус, нешто што беше најавено уште синоќа со откажувањето на пресметката со северноирски Линфилд.

Тимот каде тренер е Ардијан Нухии, а членови неколку македонски интернационалци како Адријан Цуцули, Дарко Тофиловски, Буњамин Шабани и Изари Емини, вчера имаше еден заразен од новиот опасен вирус, а денеска на новото експресно тестирање уште еден заразен.

Поради тоа финалето не се игра, Дрита е службено елиминирана според новиот првилник и протокол на УЕФА, а Линфилд оди во првото квалификациско коло.