Конте предупредува: Не смееме да се правиме будали на дуелот со Барселона!

Екипата на Интер утре на домашен терен ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампиони и тоа против каталонскиот гигант Барселона.

Неразурите, како и Борусија Дортмунд имаат седум бода, а доколку слават против каталонскиот гигант ќе обезбедат пласман во нокаут фазата поради подобриот меѓусебен дуел против „Милионерите“.

Ернесто Валверде малку му ја олесни работата на Интер со тоа што реши да одмори неколку играчи за утрешниот дуел, вклучувајќи го и Лионел Меси. Но, тренерот на лидерот во Серија А, Антонио Конте, апелира на претпазливост.

Ако за момент замислиме дека нема да настрадаме кога топката е во нивна посед, ние би биле будали. Но, откако ќе ја имаме топката кај нас, ќе се обидеме да ги доведеме во неволја. Тие се една од четирите или петте екипи што ја започнаа сезоната победувајќи ја конкуренцијата. Тие се многу силен тим. Со оглед на тоа што го обезбедија првото место, тоа ќе им овозможи да играат без притисок, а исто може да биде проблематично за нас. Ништо не се менува. Ние мора да дадеме сè од себе, истакна Конте.