Кој рече дека Премиерлигата не е најдобра: Англија 48 години чекаше на ваков успех во Европа!
Лондонските премиерлигаши денеска беа убедливи, „сините“ со 5-0 го згазија Динамо Киев, а Арсенал со 3-0 славеше над Рен за двата тима да заверат пласман во осморката во второто по ранг натпреварување и со тоа да ѝ донесат на Англија шест четвртфиналисти во Европа. Вакво нешто на Островот немаат видено од 1971 година или сега првпат се случува по скоро половина век (48 години).
Пред повеќе од четири децении, прв и последен пат Англија имала шест четвртфиналисти во Европа, а сега имаат повторно толку. И нормално, очекуваат трофеи. Ако ништо друго повеќе од деценија чекаат на европска титула, додека во Лига Европа последен се радуваше Манчестер јунајтед, единствен што ја прекина шпанската доминација во последно време. Челси и Арсенал секако се едни од фаворитите и за трофејот во Лига Европа.
Може ли Англија да слави голема фудбалска година со два трофеи е прашање кое сега сериозно се поставува на Островот.