Кога Мбапе и Нејмар ќе тргнат во напад мора да е гол: ПСЖ го „торпедираше“ Галатасарај (ВИДЕО)

Екипата на ПСЖ во моментов го игра натпреварот од последното коло во групната фаза во Лигата на шампионите против тимот на Галатасарај, а резултатот е 4-0.

Парижани веќе го обезбедија првото место во групата, додека Галата се надеваше на третото место и нокаут-фазата во Лигата на Европа, но очигледно нема да дојде до такво нешто.

За ПСЖ головите ги постигнаа Мауро Икарди, Сарабија, Килијан Мбапе, а еднаш во листата на стрелците се запиша и Нејмар.