Клоп ги пецна „кралевите“: За финалето мора да бидеме концентрирани и на други работи...

Со менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп очигледно никогаш не е досадно. Германецот веќе многупати знае да направи шоу на своите прес-конференции, ама и знае да го пецне со неколку реченици својот следен ривал.

Откако Ливерпул се пласира во киевското финале во ЛШ на 26 мај, Германецот реши малку да прокоментира што очекува од дуелот за титулата во која „црвените“ ќе играат првпат по 11 години, а Реал Мадрид четвртипат во последните пет сезони.

„Не заспаа тие два гола во првиот дел, но моите момци не дадоа 100 отсто од себе. Имаше грешки вечерва. Сега одиме да се подготвуваме за големото финале. Против себе имаме противник кој имаше неверојатна среќа и против Баерн и против Јувентус. Во финалето ќе мора да бидеме сконцентрирани на повеќе работи“, рече Клоп.