Клоп ги „пецна“ Каталонците: Ливерпул не е Барса да пропушти три гола предност!

Вечерашниот реванш дуел од полуфиналето од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Рома предизвикува огромен интерес во светската фудбалска јавност, а во најавата на овој дуел тренерот на англискиот тим, Јирген Клоп не можеше, а да не ја спомене и шпанска Барселона.

Причина за ова е фактот што Каталонците беа во слична ситуација како неговиот состав во четврт-финалето со Италијанците, влегувајќи во реваншот со предност 4-1 која потоа ја прокоцкаа со пораз 0-3.

„Мора да бидеме подготвени бидејќи и Рома е максимално решеба да направи ново чудо. Досега сезонава ретко кој тим успеал да ни даде голови колку што сега му е потребно на противникот, но не кажувам дека тоа е невозможно. Не сакам да коментирам за Барселона, мислам дека ниту самите тие не беа свесни што им се случи односно дека такво нешто воопшто можело да им се случи. Но, Ливерпул не е Барса да пропушти три гола предност, но за тоа ни треба да бидеме максимално подготвени за секоја можна ситуација“, изјави Клоп.

Германецот потенцира дека неговите фудбалери мора да бидат храбри и да играат отворен фудбал и дека само така ќе може да ја одбранат предност од 5-2 од првиот меч на „Енфилд“.