Ќе ја изнаслушаме оваа песна летово: Химната на Евро од тандемот Мартин Гарикс и Боно Вокс (ВИДЕО)

Еден од најдобрите ди-џеји Мартин Гарикс во тандем со легендарниот ирски пејач Боно Вокс, фронтменот на култните „Ју Ту“ ја снимина химната на Евро 2021, песна која летово ќе ја изнаслушаме, затоа што е официјална химна на континенталниот шампионат кој ќе се игра низ Европа.

Песната под името „We are the People“ официјално доби свој видеозапис, а текстот е дело на Гарикс, додека песната ја следи и гитаристот Давид Хауел Еванс, а ја изведува Вокс. Гарикс три години ја пишуваше песната за ова Европско првенство кое ќе се одржи во 11 градиви низ Европа, а на него ќе дебитира Македонија.

Македонија во минатата недела ја доби својата химна за дебито на ЕП, во изведба на „ВИС рисови“ под името „Одиме на Европско првенство“, која беше промовирана пред една седмица при потпишувањето на партнерскиот договор на ФФМ со Пивара Скопје и најпознатиот бренд Скопско, кој е официјален поддржувач сега на македонската фудбалска репрезентација.