Како да се подготвува војна во Рим: 2.000 полицајци ќе спречуваат инциденти!

Како што беше најавено, полицијата во Рим е подготвена, пред вечерашниот реванш-натпревар во Лигата на шампиони помеѓу Рома и Ливерпул.

По градот се распоредени 2.000 полицајци, најмногу во историјата на натпреварите со голем ризик, а во Италија се очекуваат околу 5.000 Англичани. Првите стигнаа два дена пред мечот, а вчера беше забележан првиот инцидент. Двајца навивачи на Ливерпул, кои се враќале во хотелот без навивачки реквизити, биле нападнати од група хулигани кои ги удирале со палки и избегале.

Ливерпул испрати долга листа со совети до своите навивачи за да избегнат проблеми во Рим. Ги советуваа да не се одвојуваат од групи и сами да се движат по градот или кон стадионот. Но Англичаните не ги спречи со транспаренти да се сликаат пред колосеумот.

Да потсетиме, хулиганите на Рома пред првиот меч стигнаа пред „Енфилд“ и почнаа да ги тепаат домашните навивачи. Еден од нив, Шон Кокс, се наоѓа во кома, а играчите на клубот од Рим пред мечот тренираа со натпис „Форца Шон“.

Англичаните беа предупредени дека поради безбедносни мерки, би можеле да останат на стадионот дури три часа по завршување на средбата.

Ливерпул последен пат во Рим гостуваше во 2001. година во рамки на Лигата на шампиони. Тогаш немаше големи нереди, но затоа во 1984. година, Римјаните по поразот од Ливерпул, почнале да ги бркаат и тепаат Англичаните низ градот.