Јунајтед е очаен со Тен Хаг - само една победа на последните девет меча во европските купови

Дури и љубителите на фудбалот што не се навивачи на Манчестер Јунајтед со право се прашуваат како Ерик Тен Хаг уште е тренер на најтрофејниот англиски клуб.

Не само што под негово водство тимот игра катастрофално, туку и резултатите на европска сцена се ужасни, особено во последните две години. По вчерашниот дуел против Твенте кој заврши без победник (1-1), Јунајтед остана на само една победа на последните девет меча во куповите на УЕФА.

Триумфот е остварен минатата сезона против Копенхаген во Лигата на шампионите и тоа беше единствена победа таа кампања во елитното натпреварување кое Јунајтер го заврши на последното место во својата група. Лошата серија почна против Севиља во четвртфиналето од Лигата Европа во 2023 година кога Јунајтед испадна со реми на домашен терен (2-2) и пораз на гости (0-3). Во спомнатата сезона од Лигата на шампионите имаше биланс 1-1-4 за сега да продолжи со ремито против Твенте.

Ова значи дека Јунајтед на последните девет натпревари на меѓународна сцена има една победа, три нерешени резултати и пет порази. А, Тен Хаг уште е на клупата.