Јунајтед доаѓа во Белград божем ревијален меч ќе играат – без тренинг во Хумска 1?!

Англискиот великан Манчестер јунајтед в четврток ќе се соочи со белградски Партизан во српската престолнина во третото коло во Лига Европа, а изненадувачки, можеби и малку потценувачки „црвените ѓаволи“, првпат ќе го запознаат теренот во Хумска 1 на еден час пред стартот на мечот.

Иако секој клуб вообичаено доаѓа на гостување ден пред мечот и го има редовниот тренинг на стадионот каде следниот ден треба да се соочи со противникот, пресамоуверените „ѓаволи“ во српската престолнина ќе дојдат само да преспијат и следниот ден да се соочат со Партизан.

Манчестер пред да дојде во Белград ќе го одработи својот тренинг за мечот во базата „Керингтон“, а потоа ќе се упати кон Србија и еден час пред мечот првпат „ѓаволите“ ќе го запознаат теренот. Јунајтед во српската престолнина доаѓа ослабен за двете најголеми ѕвезди во тимот, шпанскиот голман Давид де Хеа и францускиот фудбалер за вркс Пол Погба, кои се повредени.