Јаневски со една измена во тимот кој загуби во Шпанија! (ФОТО)

Македонскиот шампион Вардар вечерва од 19 часот гостува во Санкт Петербург кај рускиот гигант Зенит во петтото коло во групата Л во Лига Европа, а на стадионот „Крестовски“, вардаровиот тренер Чедомир Јаневски ќе истрча со речиси истиот состав со кој го зауби мечот во Сан Себастијан од Реал Сосиедад на гостувањето пред три години.

Само една измена направи Јаневски во дефанзивната линија во однос на тој меч, а тоа е на левата бековска позиција, па вечерва Бесир Демири ќе биде стартер на местото на Дарко Глишиќ, кој играше во Шпанија. Останатите десетмина на Јаневски се истите од дуелот со шпанскиот тим.

На голот ќе биде Филип Гачевски, во одбраната стандардно Хофханес Хамбарџумјан на десната бековска позиција, Бобан Грнчаров и Евгениј Новак на стоперските позиции, а Бесир Демити како лев бек. Бобан Николов и Вања Марковиќ ќе бидат централни играчи за врска, Тигран Барсегјан и Јамбул Џигаури по крилните позиции, Бразилецот Хуан Фелипе е плејмејкер, а неговиот сонародник Итало во нападот на црвено-црните.

Домаќинот Зенит ќе игра со комбиниран тим, но во составот има неколку провотимци како Артем Дзјуба, Емилијано Ригони, Емануел Мамана...

СОСТАВ (4-2-3-1): Гачевски – Хамбарџумјан, Грнчаров, Новак, Демири – Николов, Марковиќ, Фелипе – Барсегјан, Џигаури – Итало.