Избегнат ужас: Најдена авто-бомба пред стадионот во Рим (ВИДЕО)

Италијанските медиуми објавија дека пред дуелот меѓу Италија и Швајцарија на Еуро 2020 бил пронајден автомобил во кој се наоѓала бомба.

Автомобилот се наоѓал во близина на стадионот, каде што играат двете репрезентации, а навивачите наводно забележале некаков чуден предмет во него и веднаш повикале полиција.

Службените лица пристигнале во 17 часот по локално време и во контролирана експлозија го уништиле автомобилот.