Истанбул ќе го загуби домаќинството: Финалето во ЛШ ќе се одигра во Лисабон?!

Изминатите неколку дена постојано се пишуваше за фактот дека УЕФА наскоро ќе донесе одлука да го пренесе финалето во Лигата на шампионите од Истанбул во друг град, но досега не пристигнала никаква потврда од куќата на европскиот фудбал.

Сепак, угледниот „Њујорк тајмс“ пишува дека УЕФА веќе донела одлука финалето во Лигата на шампионите да се игра пред празни трибини во главниот град на Португалија - Лисабон.

Заедно со Истанбул, Лисабон беше еден од кандидатите за организација на финалето. Сепак, организацијата беше дадена на турската метропола, но поради пандемијата на коронавирус, тие нема да можат да го организираат пред празни трибини.

Исто така, одредени германски медиуми објавија дека финалето може да се игра и во оваа земја, но конечната одлука ќе биде донесена на седницата на Извршниот одбор на УЕФА, закажана за 17 јуни.