Иско скапо го наплати киксот на дефанзивците на Сити (ВИДЕО)

Со голот на Иско во 60. минута, екипата на Реал Мадрид поведе на домашен терен со 1-0 против Манчетсер Сити во рамки на првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Отаменди и Родри разменија неколку ризични додавања на својата половина, но Модриќ успеа да им ја украде топката и да ја проследи до Винисиус, кој асистираше до Иско за 1-0.