Интер го најави враќањето во ЛШ со гол на – Горан Пандев (ВИДЕО)

После шест години пауза, поранешниот троен европски првак Интер повторно ќе игра во Лигата на шампионите, откако во последниот меч во Серија А во минатата сезона во директен дуел и со епски пресврт го освои четвртото место кое носи пласман во елитата.

Интер последен пат беше европски првак во 2010 година, кога на „Сантјаго Бернабеу“ со Жозе Мурињо на клупата и со Горан Пандев во стартниот тим го победи Баерн Минхен со 2-0 за европската круна. ПО таа историска сезона, уште двапати „нераѕурите“ играа во ЛШ и следеше голем пост. Сега, миланскиот гигант повторно се враќа во кремот на европскиот фудбал, а во пресрет на новиот старт и враќањето во елитното друштво сето тоа го најави на посебен начин – со гол на Горан Пандев против баварскиот великан.

Пандев даде гол во епскиот пресврт во 2011 година, од сезоната 2010/11 во која Интер беше актуелен европски првак, а Пандев погоди на две минути пред крајот за неверојатната победа откако Баерн водеше со 2-0 на полувреме.