Ингебритсен: Сакаме победа за поени за подобар рејтинг идната сезона!

Норвешки Розенборг утре е последната пречка на македонскиот шампион Вардар, а иако гостите веќе ја завршија сезоната, за нив дуелот е еднакво значаен, иако резултатски не може да мрднат повисоко од третото место во групата.

Тренерот на Норвежаните, Каре Ингебритсен изјави вечерва на прес-конференцијата дека Розенборг ќе се обиде со победа да ја заврши годината, а најголема придобивка од тоа ќе им биде да го зголемат рејтингот за идната сезона.

„Ова е крајот на сезоната и ние сакаме да го завршиме во најдобро можно светло. Сакаме да победиме за да освоиме поени за рејтинг за следната сезона. Денеска, нема голема разлика меѓу носители и неносители, но подобро е да имаш повеќе поени, отколку помалку“, вели Ингебтитсен.

Тој додава дека фактот што Розенборг ја заврши сезоната е предност за нив, затоа што тимот е одморен, а потенцира дека против Вардар ќе им даде шанса на фудбалери кои сезонава немале преголема минутажа.

„Паузата ќе ни помогне за овој неч. Ние успеавме да се одмориме, па оваа пауза е добредојдена за овој меч. За овој дуел, сè се сведува на менталниот склоп, но ние сме подготвени и фудбалерите знаат дека по овој меч ќе имаат одмор. Јас сум фокусиран на тие што ќе играт утре, а не на тие што ќе ни недостигаат. Намаме толку време да кажам кој се е во аут, но има играчи кои немаа многу шанса да играат, а трие сега се радоси што добиваат можност да се претстават во најдобро светло“, потенцира Ингебритсен.

Капитенот на Розенборг, Андре Хансен изјави дека тој и неговите соиграчи сакаат на најдобар начин да ја заокружат оваа 2017 година.

„Ова е последен меч за нас годинава и ние сакаме да го завршиме на најдобар начин“, кусо изјави Хансен.