Хрватска најмногу ќе профитира ако Грците ги исфрлат од европските купови

Откако се случи тежок инцидент во Солун во дербито за титула помеѓу ПАОК и АЕК, кога претседателот на солунскиот тим со пиштол го бркаше судијата, Владата кај нашиот јужен сосед го суспендираше првенството, па дури и најави забрана за настапи во Европа за грчките клубови додека не се среди состојбата.

Ако се остварат најавите за исклучување на Грција од европските купови, а за такво нешто се закани и Светската федерација (ФИФА) со последна опомена „или средете се, или ние ќе преземеме чекори“, најголем ќар од евентуалното исфрлање на јужниот сосед од натпреварувањата на УЕФА ќе има – Хрватска.

Хрватите имаат исклучително добар национален коефициент, сооглед дека секоја година во последнава деценија имаат претставник во групните фази во натпреварувањата на УЕФА и моментно се 16-ти на рејтинг-листата на европската централа. Грција е пред нив на 15-то место, а Грците во квалификациите за ЛШ имаат два претставници – првакот и вицешампионот.

Сега, ако УЕФА и ФИФА ги исфрлат, или пак Владата се реши да стави мораториум на настапи на грчките клубови во Европа, па Хрватска во тој случај би доила два претставници во квалификациите за најелитното натпреварување. Во случајов, шампионот ќе игра во „шампионската група“ почнувајќи од второто коло, а од истата рунда вицепрвакот ќе игра во „нешампионската група“.

Интересно е и тоа што, ако Грција нема клубови, Хрватска со барем еден добар настап на своите екипи, практично може да си го обезбеди тоа 15-то место кое во квалификациите за ЛШ носи два претставници во иднина, под услов во следната сезона да освои повеќе рејтин-поени од Данска, Израел, Кипар и Романија, кои се зад „коцкестите“.