Хрватска и Белгија ги објавија составите за Еуро 2020 (ФОТО)

Дел од репрезентациите кои летово ќе играат на Европското првенство веќе почнаа да ги објавуваат списоците на повикани фудбалери за настап на турнирот. 

Со одлука на УЕФА, селекторите можат да повикаат зголемен состав од 26 фудбалери. Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ го направи својот избор, а селекцијата очекувано ќе ја предводи Лука Модриќ. Има доста отсутни во однос на оној тим што играше финале на Светското првенство во 2018 година, бидејќи Марио Манџукиќ и Иван Ракитиќ се пензионираа.

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез исто така го направи својот избор. Тој и натаму верува во Еден Азар иако фудбалерот на Реал Мадрид сезонава имаше дури пет повреди. „Црвените ѓаволи“ се едни од главните фаворити за европскиот пехар, бидејќи во своите редови имаат играчи како Кевин де Брајне, Ромелу Лукаку и други.