Хрватска доби ужасни вести пред мечот со Албанија

Репрезентацијата на Хрватска во второто коло од групната фаза на Европското првенство (ЕП) ќе се соочи против Албанија, а селекторот Златко Далиќ доби ужасни вести пред мечот.

На последниот тренинг пред дуелот со Албанија, Далиќ дозна дека повеќе не може да смета на услугите на Никола Влашиќ кој отпадна од ЕП поради повреда.

„За жал, Влашиќ доживеа нова повреда и можам само да му се заблагодарам што даде сè од себе за да се врати на теренот. Му посакувам побрза рехабилитација“, кажа Далиќ.

Хрватска во првиот меч на ЕП загуби убедливо од Шпанија со 0-3, додека Албанија беше поразена од Италија со 1-2.