Хери Кејн во Приштина може да израмни рекорд стар скоро – еден век! (ФОТО)

Англиската напаѓачка ѕвезда од лондонски Тотнем, Хери Кејн синоќа даде хет-трик во убедливиот тирумф на „Гордиот Албион“ против Црна Гора со 7-0, во јубилејниот илјадити меч на англиската селекција и со тоа дојде на чекор да израмни рекорд стар скоро еден век.

Со хет-трикот Кејн во оваа 2019 година веќе стигна до 11 погодоци за репрезентацијата и со тоа го достигна Питер Крауч, кој имаше ваков ефект во 2006 година. Но, Кејн има уште еден меч до крајот, в недела во Приштина, кога со еден погодок може да израмни рекорд стар 92 години, а со два погодоци да се запише во историјата.

Само двајца англиски репрезентативци имале 12 гола во календарска година. Првиот е Џорџ Хилсдон од пред 111 години (1908), а вториот е Дикси Дин од пред 92 години (1927).