Гвардиола: Сакав да играме во Истанбул!

Менаџерот на англискиот премиерлигашки гигант Манчестер сити, Пеп Гвардиола посочи дека сакал финалето во оваа сезона во Лигата на шампионите закажано за 29 мај да се игра во Истанбул, но градот на Босфорот втора година по ред извиси поради пандемијата со коронавирус, па УЕФА денеска го премести во Порто.

Гвардиола, кој пред неколку дена ја прослави третата премиерлигашка круна во последните четири сезони со „граѓаните“, па сега с е свртено кон дуелот со Челси во завршната пресметка за највредниот пехар, кој треба да биде шлаг и оправдување на потрошените преку милијарда фунти на шеиците од Емиратите за да се изгради овој гигант.

„Никогаш не сум бил во Истанбул, дури и кога играв во Барса немав шанса да отидам таму. Многу сакав да играме во Истанбул, најмногу и поради Илкај Гундоган, ама за жал УЕФА реши да се игра на друго место. Во ред, ќе играме и во Португалија“, рече Гвардиола.

Финалето Челси – Сити ќе се игра пред третина капацитет, а двата тима добија по 6.000 влезници за оваа битка за „големите уши“.