Гвардиола е првиот тренер со двоцифрен број победи против Реал во 21. век!

Фудбалерите на Манчетсер Сити славеа на гостувањето во Мадрид против Рела со 2-1 во првиот меч од осминафиналетов во Лигата на шампионите.

На оваа победа посебно се израдува менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, бидејќи со овој триумф стана првиот тренер во новата ера кој дојде до двоцифрен број на победи против „Кралевите“. Тој претходно го водеше тимот на Барселона.

Инаку, по девет победи против Реал имаат Ернесто Валверде и Диего Симеоне.