Горецка или Хулк? Германецот го скина дресот поради големите мускули (ФОТО)

Леон Горецка го постигна водечкиот гол за Баерн Минхен на гостувањето кај Локомотив Москва, а фотографите уловија еден интересен момент. 

Дресот на германскиот репрезентативец беше искинат на ракавите, каде што е неговиот трицепс. 

Горецка за време на карантинот предизвикан од Ковид-19 изминатата пролет, драстично напредна на физички план. Очигледно напорно работел во теретана за време на изолацијата, па сега дури ги кине и дресовите.

Според оваа фотографија подолу, не е ни чудно што ракавите на дресот на Баерн се кинат.