Голманот на Лацио направи огромна глупост за пораз во Истанбул (ВИДЕО)

Екипата на Лацио имаше неуспешен старт на новата сезона во Лига Европа, откако загуби на гостувањето кај Галатасарај (0-1), пораз за кој единствен виновник е голманот Томас Стракоша, кој направи огромна глупост.

Тој наместо рутински да интервенира, топката која неговиот соиграч ја упати високо во воздухот самиот си ја смести во мрежата.

Дури и Стракоша тешко ќе може да објасни што сакаше да направи, односно зошто нешто што можеше да биде едноставно, го направи сложено и тоа со стравични последици за неговиот тим, односно загуба на бодовите во Истанбул.