Гнабри го потопи Челси, па реши да го „пецне“ и на Твитер (ФОТО)

Серж Гнабри ќе им биде кошмар на навивачите на Челси уште некое време, откако денеска со два гола ги потопи сред Лондон и му обезбеди победа на Баерн Минхен од 3-0 во Лигата на шампиони.

Гнабри немаше милост ниту за Тотнем пред неколку месеци, кога му даде дури четири погодоци, а по вечерашниот дуел реши да испрати провокација до „сините“.

„Лондон сè уште е црвен“, напиша Гнабри, кој во минатото настапуваше за Арсенал, па со неговиот коментар сигурно ги израдува фановите на неговиот поранешен клуб.