Главните ѕвезди на Ливерпул ќе постат пред финалето - светиот месец е поважен од сѐ!

Ливерпул на 26 мај во Киев ќе го одигра финалниот натпревар во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Tимот на Јирген Клоп ќе има шанса против актуелниот европски шампион да стави точка на оваа навистина одлична сезона во која беа навистина одлични.

Меѓутоа, во текот на големото финале некои играчи на Ливерпул ќе бидат пред голем предизвик. Муслиманите ширум светот од 15 мај ќе почнат да го одбележуваат светиот месец Рамазан и во текот на него постат од изгрејсонце па до зајдисонце.

Токму тоа би можело да претставува проблем за Ливерпул, бидејќи во своите редови има дури тројца муслимани кои строго се придржуваат до религиските начела и сигурно нема да го пропуштат месецот на постот.

Мохамед Салах, Садио Мане и Емре Џан ќе бидат пред големи физички предизвик. Тоа поприлично ги загрижува челниците на Ливерпул, бидејќи поради недостаток на храна постои страв дека ќе дојде до пад на енергија кај овие фудбалери.

Постот кај главните играчи на Ливерпул можеби ќе биде блага предност за Реал. Сигурно е дека недостатокот на храна и вода ќе влијае доста на организмот кај овие фудбалери, кои се до самиот почеток на натпреварот веројатно повеќе од 15 часа нема да внесат никакви хранливи материи.

Сепак, без оглед на сѐ, ова три нема намера да се воздржува од постот во текот на Рамазан. Иако многумина бараат барем тој ден да го прескокнат, играчите засега остануваат цврсти на ставот да постат во текот на целиот месец.