„Ѓаволот“ Фред удри фудбалер на ПСЖ со глава, ама - не беше исклучен (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед треба да бидат среќни што првото полувреме од вечерашниот дуел против ПСЖ (1-1) од Лигата на шампионите го завршија со сите 11 фудбалери на теренот, откако Фред непромислено удри со глава противник, по што доби само – жолт картон.

Инцидентот се случи кон средината на полувремето, кога Бразилецот ја помрдна својата глава во правец на Леандро Паредес, кој веднаш падна како покосен. Судијата Даниеле Орсато го консултираше ВАР, но и покрај тоа се реши за поблага казна наместо црвен картон.

Навивачите на Твитер не можеа да поверуваат дека фред не заврши во соблекувалната, споредувајќи го неговиот удар со тој на Пепе во нашиот Алиоски на мечот помеѓу Арсенал и Лидс.