Германија го добива Евро 2024: УЕФА е загрижена за човековите права во Турција!

Германија и Турција се единствените кандидати за организација на Европското првенство во 2024 година, а Европската фудбалска унија (УЕФА), денеска го објави евалуацискиот документ на двете кандидатури пред гласањето на Извршниот комитет на европската централа идната недела.

И според евалуацискиот документ, кој е јавно достапен на интернет-страницата на УЕФА, кандидатурата на Германија е далеку подобра од турската и тоа најмногу поради тоа што европската централа од Нион биле загрижена за почитувањето на човековите права во Турција.

УЕФА во извештајот на евалуацискиот докумет стои дека поради репресвниот режим на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, како и недостаток на предлози, кои ќе „обезбедат заштита на човековите права“ за турнирот со 24 селекции за шест години отсега. Потенцирано е дека после неуспешниот пуч во Турција за симнување од власт на Ердоган, во земјата почнале масовни апсења, а иако вонредната состојба истекла во јули, новиот антитерористички закој дозволува на властите да се продолжи со масовните отпуштања на јавните службеници.

„Недостатокот на акциски план во врска со човековите права е работа која посебно загрижува“, посочиле во документот.

УЕФА исто така потенцирала дека ограниченото рекламирање на алкохол во Турција може да биде голем проблем и да предизвика конфликт околу потпишување на спонзорски договор на УЕФА со компанија која произведува пиво.

Од друга страна, Германија се обидува да ја искористи политичката димензија во Турција за да ја добие организацијата на Евро 2024. Првиот човек на ДБФ, Рајнхард Гриндел остро ги критикуваше турските власти откако репрезентативците на Германија, Месут Озил и Илкај Гундоган се сликаа со Ердоган во Лондон два месеци пред настапот на СП во Русија.

Инаку, во евалуацијата на германската кандидатура не е најдена ниту една забелешка како клучно прашање кое може да ја поремети кандидатурата и констатирано дека германската кандидатура е одлична.

„Кандидатурата на Германија е квалитетна, ги исполнува сите очекувања, кога се во прашање политичките делови, општествената одговорност, одржливоста, како и човековите права“, се посочува во извештајот.

Извршкиот комитет во четврток на 27 септември ќе гласа за домаќин на Евро 2024, а Истанбул неодамна ја доби организацијата на финалето во Лигата на шампионите на стадионот „Ќемал Ататурк“ во 2020 година.