Германците се против новиот формат на Лигата на шампионите

Новиот концепт на Лигата на шампиони, кој подразбира „загарантирани“ места за најбогатите клубови без разлика на резултатите во домашните шампионати е неприфатлив за 36 клубови во Германија, меѓу кои е и Баерн Минхен.

За такво нешто се шпекулира со месеци, иако тоа го демантираа од Здружението на европски клубови на чие чело е првиот човек на Јувентус и нагласија дека промени нема да има во наредните пет години, но минатата недела „Асошејтед прес“ објави „нацрт“ од новото натпреварување.

Новата Лига на шампиони ќе има полузатворено натпреварување со 32 екипи. Разликата е во тоа што 24 тимови ќе бидат постојани учесници, без оглед на резултатите, додека четири тима ќе мораат да изборат „промоција“ од Лига Европа, а другите четири низ други квалификации.

Исто така, би имале помали групи, односно четири, во кои ќе има повеќе дуели меѓу најбогатите, додека ќе биде контролирано и „испаѓањето“ од натпреварувањето.

Сепак, унијата на клубови во Буднеслигата и Бундеслгата 2 ги одбија новите промени на меѓународното натпреварување, кое се пласира од 2024 година.

„Новиот концепт на Здружението на европски клубови би имал неприфатливи последици во националните првенства во Европа и поради тоа не треба да биде воведен во таков формат. Не смееме традиционалните шампионати да страдаат поради тоа“, вели првиот човек на организацијата, Кристијан Сајферт.

Во соопштението кое го потпишаа 36 клубови од Германија, меѓу кои стои и Баерн Минхен, се покажува надеж дека претседателот на УЕФА, Александер Чеферин знае да ги почитува домашните шампионати.