Гатузо: Со ваква игра нема што да бараме против Барселона

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, беше самокритичен за квалитетот на неговиот тим, па затоа смета дека ќе биде многу тешко да ја минат Барселона во осминафиналето во Лигата на шампиони.

Евидентно е дека ниту каталонскиот гигант не игра на посакуваното ниво, а за тоа најдобар доказ е губењето на титулата во Шпанија, иако пред рестартот на лигата се наоѓаше на првото место на табелата. Но, изјавата на Гатузо ги охрабри навивачите на Барселона.

Ако продолжиме вака, со таков став и оваа игра, единственото нешто што можам да ве убедам е дека нема да ја поминеме Барса во Лигата на шампионите, истакна Гатузо по поразот од Парма.