Гатузо: Милан заслужи да биде елиминиран

Милан е најголемото разочарување во групната фаза од Лигата на Европа, откако не успеа да се квалификува за нокаут-рундата. 

„Росонерите“ загубија со 3-1 на гостувањето кај Олимпијакос и му дозволија на грчкиот тим да мине во следната фаза и тоа само поради подобрата гол-разлика од Милан. Бетис и Олимпијакос од оваа група ќе бидат вклучени во утрешната ждрепка за првата нокаут-рунда.

Тренерот на италијанскиот им очекувано беше разочаран од елиминацијата и вели дека комплетно е заслужено тоа што не оди понатаму.

„Постои голема разочараност кај нас. Мораме да мислиме на милионите наши навивачи низ светот, кои ги разочаравме. Го имавме натпреварот во наши раце, но кога не можете да дадете гол од осум шанси, во ваква атмосфера и потоа едноставно се распаѓате, тогаш заслужувате елиминација. Покажавме дека едноставно не сме доволно добри за да го однесеме натпреварот во наша корист кога имаме шанса. Имаше и некои сомнителни судиски одлуки, но тоа е друга работа. Кога ќе направите толку многу шанси, а потоа и серија глупави грешки, тогаш единствениот правец е да си одите дома, бидејќи не заслужуваме да одиме понатаму. Му го подаривме натпреварот на Олимпијакос“, изјави тренерот на Милан по дебаклот кај Олимпијакос.