Фудбалер на Шефилд ја изнасмеа Европа за црвениот картон на Серхио Рамос (ФОТО)

Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид без дилема е еден од најдобрите светски дефанзивци во 21-от век, фудбалер кој буквално има сè освоено, ама познат е и како фудбалер со најмногу црвени картони.

Рамос синоќа заработи ново исклучување, 26-то во кариерата, во супердербито со Манчестер сити (1-2) на „Сантјаго Бернабеу“, па фудбалерот на Шефилд јунајтед, Оли МекБарни урнебесно се сеиреше.

„Серхио Рамос има 26 црвени картони во кариерата, повеќе одошто јас имам вкупно настапи“, напиша МекБарни.